Медиасет.мк

#ТРЕНД

Де Армас во врска со Пол Букадакис откако Бен се смири со Џенифер

Последното искуство на Мерил Стрип со методска глума ја оставило многу потиштена.

71-годишната актерка целосно се соживеа со улогата на главна уредничка на модниот магазин Runway („Писта“), Миранда Присли, во филмот „Ѓаволот носи Прада“ од 2006 година и пред камерата и надвор од неа, но мрзела да биде изолирана далеку од остатокот на актерската екипа, особено кога ќе слушнела колку добро си поминуваат заедно.

Методски пристап е техника на глума кога актерот се стреми целосно да се идентификува со ликот што го глуми и физички и ментално.

Во интерју за „Ентертеинмент викли“, Мерил откри дека не си поминала баш најдобро на снимањето на филмот.

„Беше ужасно! Се чувствував јадно во мојата приколка. Ги слушав сите како се забавуваат и се смеат. Бев многу потиштена! Реков: Тоа е цената што ја плаќате за да бидете шеф!“

„Тоа беше последен пат да се обидам со посебен метод на глума“.

Освен што го искористила советот на својот стар учител по драма, портретирањето на жилавата модна гуру било инспирирано и од актерот режисер Клинт Иствуд.

Таа објасни: „Тоа беше директна кражба на начинот на кој Клинт Иствуд води сцена. Тој е човек што луѓето навистина го почитуваат и никогаш не го крева гласот. Единствениот пат кога го стори тоа, ги преплаши луѓето. Тие беа трауматизирани две недели“.

На училиштето за драма учителот ми велеше: „Како глумиш крал нема никаква врска со тебе – ти си само ти, начинот на кој сите други во собата реагираат кога ќе влезеш – е тоа што те прави крал“.

Од нив зависеше како ќе се однесуваат, а јас само зборував и бев малку погадна отколку што сум вообичаено, додаде Мерил.



Трендинг

На почеток
error: