Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Дебар маало доби спортско и детско игралиште

Медиасет.мк
пред 5 години

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и претседателот на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија, Перо Антиќ го најавија отворањето на новото спортско и детско игралиште „Славка Недиќ“ во Дебар Маало.

„Денес имам чест да го отворам првото и засега единствено спортско и детско игралиште во Дебар Маало, кое е изградено според најсовремени стандарди, со модерен и функционален дизајн за одржливост. Жителите на Дебар Маало првпат добиваат нова јавна површина и нова урбана зона за спорт и рекреација. Ова игралиште е позитивен пример за нашата локална политика и за сите активности што ги преземаме за креирање нов, модерен и функционален изглед на детските игралишта на територијата на Општина Центар“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Новото детско игралиште е составено од два дела, односно заградено кошаркарско игралиште и детско игралиште. Поставен е нов ФИБА кош со акрилна табла, нова гумирана подлога за зголемена безбедност и заштита од несакани повреди кај децата и спортистите, нови модерни детски реквизити, шаховска табла за спорт и рекреација на младите и повозрасните жители, како и нов летниковец. Поставено е целосно ново ЛЕД-осветлување, нови канти за отпадоци и канти за селекција на отпад, нова чешма на три нивоа, адаптирана за потребите на лицата со посебни потреби и за домашните миленици, како и паркинг за велосипеди.

Покрај основните параметри за нов изглед на детското игралиште „Славка Недиќ“, во соработка со ЕВН и со кабелските оператори, преземени се и нови градежни решенија, при што воздушната инсталација на уличното осветлување е изведена подземно и извршена е дислокација на постојната инсталација во сопственост на кабелските оператори. Со овој зафат ослободена е уште една јавна површина, односно дивото паркиралиште е пренаменето во зона за рекреација и воспоставена е пешачка врска за поврзување на улиците „Ѓоргија Пулевски“ и „Славка Недиќ“, а отстранети се и нелегализираните гаражи на аголот на улицата за поголем проток на возила на улиците „487“ и „Дебарца“.

Изведбата на проектот чинеше 8.666.326,00 денари, а во рамки на Буџетот на Општина Центар за 2021 година е планирана изградба на три нови детски игралишта во населбите Кале, Маџир Маало и Капиштец, како и реконструкција на шест детски игралишта на разни локации на територијата на Центар.

фото: Општина Центар

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd1qbr9vf7nv10IUF8hO

„Борбата против стареењето е опасен тренд“: Професор предупредува на производите за долговечност

Трендови | пред 2 седмици

media-libraryeq1v78t1jusd6yea3wF

Чивавите во својата ДНК кријат траги од којоти, открива ново истражување

Трендови | пред 3 седмици

media-libraryo52v1lt0isk84UUVJXL

Неделен хороскоп од 14 до 20 септември: Лавовите привлекуваат внимание, Скорпиите конечно добиваат одговор

Трендови | пред 3 седмици

media-libraryjlm2k9n752rr8DXTVzI

Што се случува со телото ако јадеме јогурт секој ден?

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања