Актерката Деми Мур (63) ги воодушеви обожавателите со фотографија на Инстаграм, на која се појавува без шминка, во опуштено издание. Облечена во бела маица и темносини панталони, со долгата темна коса пуштена преку рамената, таа позирала во бања со експертката за нега на кожа Карен Бартоу.
На фотографијата реагирала и нејзината најмлада ќерка Талула Вилис (32), која ја означила сестра си Скаут и воодушевено коментирала за изгледот на нивната мајка.
Бројни следбеници го пофалиле природниот изглед на актерката, која најчесто се појавува во гламурозни модни комбинации и со професионална шминка. Меѓу оние што реагирале бил и стилистот Бред Горески, кој оставил емотикони со срца.
Неодамна, Деми и Талула се појавија заедно на доделувањето на наградите „Step Up“ во Лос Анџелес. Мајката и ќерката привлекоа внимание со усогласени модни комбинации од модната куќа Том Браун.