Медиасет.мк

#ТРЕНД

Денес премиера на вселенскиот трилер „Војаџерс“


Ѕвездата на Ready Player One, Тај Шеридан тргнува во вселената за да го спаси човештвото во „Војаџерс“, научно-фантастичен трилер, чија премиера во киносалите во САД е закажана за денес (9 април).

Шеридан верува дека филмот може да погоди одреден акорд кај публиката истоштена од пандемија.

Дејствието на филмот е сместено во 2063 година. Земјата станува жешка, сува и погодена од болести, но научниците откриваат нова планета што може да поддржи човечки живот.

Спасот е оддалечен 86 години патување, а за патувањето се одгледуваат 30 бебиња, и во рамките на таа одисеја се очекува тие да се размножуваат со цел внуците да ја населат својата дестинација.

Под надзор на старател, кого го игра Колин Фарел, патувањето добива неочекуван пресврт кога, како што растат, младите откриваат дека ги дрогираат за да бидат послушни и почнуваат да се бунат.

„Војаџерс’“ го напиша и режира Неил Бургер (Limitless and Diverge), кој рече дека идејата му била да раскаже приказна за човечката природа во вакуум.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



На почеток
error: