Медиасет.мк

#ОХРИД

Георгиески и Брнс на онлајн состанок за размен на искуства од раководењето на локално ниво од страна на поранешни и сегашни градоначалници од САД, активисти на граѓанското општество и практичари


Чест ми е што денес бев дел од онлајн состанокот кој беше организиран од Бирото за борба против тероризмот на Стејт департментот, Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и Институтот за стратешки дијалог (ИСД) од Лондон, Велика Британија.

Целта на состанокот беше да се разменат искуства од раководењето на локално ниво од страна на поранешни и сегашни градоначалници од САД, активисти на граѓанското општество и практичари од Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Георгиески во објавата додава:

Овој состанок беше продолжение на соработката во рамки на Мрежата на силни градови и Конференцијата на градоначалниците на САД, која се одржала на почетокот од оваа година.Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам благодарност до Амбасадата на САД во Република Северна Македонија за поканата и можноста за соработка.

На денешниот состанок присуствуваше и Димитар Спасески, кој на состанокот беше единствен кој не е носител на јавна функција.

Спасески на својот ФБ профил напиша:

Денес со особено задоволство присуствував на онлајн состанокот кој беше организиран од страна на Бирото за борба против тероризам на Стејт департментот, Амбасадата на САД во Република Македонија и Институтот за стратешки дијалог од Лондон! Честа за мене беше поголема што на состанокот сум поканет лично со оглед на фактот што скоро четврта година не сум носител на јавна функција. Тоа е најдобар доказ за нечија професионалност и посветеност во извршување на својата функција и за среќа нашите меѓународни пријатели тоа го почитуваат! Секогаш,нашиот стратешки партнер САД вложуваат максимални напори за напредок на Република Македонија во сите области! Благодарам до Амбасадата на САД во Република Македонија за поканата! Секогаш е чест да се претствува Република Македонија на вакви настани!

Трендинг

На почеток
error: