Медиасет.мк logo
Промени тема
Филм

Денес во Кан, ревија филмови и награда во чест на Димитар Николов-Таки

Медиасет.мк
пред 5 години
Taki

Ревија од победнички кратки остварувања од „ Мобил фестивал“- Меѓународниот фестивал на филмови снимени со мобилен телефон, ќе се одржи денес, 13.јули во 15 часот, во киното на хотелот „Идн“ , на Филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал. Во рамките на настанот ќе биде доделена востановената награда во чест на Димитар Николов – Таки, кој го основа „Мобил фестивал“.

Димитар Николов почина на 63-годишна возраст, по кратко боледување. Покрај основањето на Интернационалниот фестивал на филмови, снимени со мобилен телефон, Таки беше филмски продуцент, менаџер на дистрибутерската компанија „КТ-филм и медиа“ и поранешен директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Настанот е дел од Меѓународната ревија на филмови, реализирани со мобилен телефон – (International cell phone cinema showcase – Cannes), на која се прикажуваат наградените остварувања од слични фестивали, од цел свет.

Ревијата е дел од Светската иницијатива за мир и толеранција на принцезата Анжелик Моне, која во последните 10 години одржува гала вечер со хуманитарен карактер , во рамките на Филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал. Минатата година за првпат филмови од „Мобил Фестивал“, беа прикажани на гала вечерта и се натпреваруваа за наградата „Карл Бартош“, што се доделува за филмови снимени на мобилен телефон, фокусирани на хуманитарни теми. За изборот на филмовите лани и оваа година беше ангажирана Весна Ристовска. Филмовите ќе се натпреваруваат за наградите за најдобар филм со тема за животната средина и најдобар филм воопшто, за најдобра режија, актер или актерка, најдобра камера, монтажа, музика, ефекти и анимација.

Карл Бартош е пионер во продукцијата на филмови снимени на мобилен телефон. Проекциите нудат широк спектар од жанрови и наративи, од документарни, анимирани до експериментални филмови, направени од професионалци и аматери. Мотото е „Одлични филмови во мали пакувања“.

„Мобил фестивал“ годинава ќе гo има 12 издание, во организација на продуцентската куќа „КТ-Филм и Медиа“, од Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Бивша вработена на крузер открива: „Љубовта меѓу колеги на брод има и мрачна страна“

Патувања | пред 14 часа

media-libraryju0r0rf7rs485IcOeGp

(Видео) Возете се каде било во светот со користење вистински мапи и тоа директно од прелистувач

Технологија | пред 16 часа

media-libraryimh3bsg6ok3j9t4HSKB

(Видео) Ѓоковиќ се фати за микрофонот: Заедно со Владо Георгиев и Нигор ја пееше „Тропски бар“

Сцена | пред 18 часа

media-library7ed8kr3fjul65xn852f

Оваа плажа некогаш била депонија: Денес наместо песок има милиони шарени парчиња стакло

Патувања | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања