Седумгодишно девојче од Германија изгравирала снегулки на вратите на 37 автомобили. Со тоа девојчето направило штета од 30.000 евра, објавила полицијата.
По опсежната потрага тие успеале да го најдат сторителот кој ги уништил автомобилите, но се изненадиле кога утврдиле дека станува збор за мало девојче.
Детето при испитувањето го признало делото и објаснила дека користела камчиња при гребењето на колите. Службите соопштиле дека тоа не било свесно дека со нејзините цртежи ќе ја уништи бојата на автомобилите.