Викторија Бекам се труди да води здрав живот. Нејзиното мени е богато со намирници од високо протеинско потекло.
За ручек често сервира димен лосос и сушени боровинки, со многу вода. Понекогаш чинијата ѝ е дополнета со шкампи со чили сос, туна или јајца. Шеќер не користи воопшто, а нејзината редовна диета подразбира конзумирање протеини, зеленчук и јаткасти плодови.
Многу ѝ завидуваат на линијата, но некои ја сметаат и за премногу слаба. По секоја бременост таа е сѐ послаба, а нејзиното тело често изгледа речиси провидно. Нема ни трага од оние облини по кои воздивнуваа мажите. Мислењата се поделени, а модната икона не им обрнува внимание на коментарите. Таа често истакнува дека жената никогаш не може да биде доволно слаба.
Нејзините оброци се сведуваат на 5 оброци дневно, а количината на еден оброк може да ја собере во една дланка. Цврсто се придржува до ригорозните диети, а покрај тоа и многу вежба. Секое утро поминува дури 11 километри на лентата за трчање. Попладне вежба јога. Понекогаш ѝ досадува истиот начин на рекреација, па во договор со личниот тренер ја менува. Комбинира различни вежби со трчање, одење и јога. Сака да весла и да дига тегови, а практикува и пилатес.
Поради напорните вежби се поти пред и по оброкот, а и тоа малку што го јаде се труди да го потроши. Тешко се бори против зголемувањето на апетитот. Признава дека со години нема изедено некој колач и дека се откажала од многу работи во исхраната, што ја докажува и нејзината појава.
Во својот омилен ресторан нарачува само незачинета зелена салата. Нутриционистите препорачуваат дека нејзината исхрана треба да се дополни со разновиден зеленчук и намирници кои ќе ѝ обезбедат и доволно калории. Она што таа го внесува е под нормалниот просек.
Хронично е незадоволна од својот изглед и убедена е дека треба да биде послаба. Цврсто верува дека правилно постапува. Ниту нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам не се жали, а не можеме ниту да кажеме дека не изгледаат совршено каде и да се појават.