Медиасет
Дојава за бомба на концертот на Драгана Мирковиќ во Сплит – клубот евакуиран, полицијата трага по сторителот
Концертот на српската фолк-пејачка Драгана Мирковиќ во ноќен клуб во Сплит беше прекинат ноќеска, нешто по полноќ, поради анонимна дојава дека во објектот е поставена бомба. Од безбедносни причини, просторот бил веднаш испразнет и посетителите биле изведени надвор, додека на терен интервенирала полицијата.По пристигнувањето, полициските службеници извршиле детален преглед на клубот. Набргу било потврдено дека станува збор за лажна тревога и дека во објектот нема експлозивна направа.„Веднаш по дојавата излеговме на интервенција. Просторот е прегледан и утврдено е дека станува збор за лажна дојава. Клубот со работа продолжи веќе во 1:15 часот“, соопшти портпаролката на Полициската управа Сплитско-далматинска, Антонела Лолиќ.Полицијата, како што е наведено, спроведува криминалистичка постапка за да се утврди идентитетот на лицето кое ја упатило лажната дојава. Случајот се третира како сериозно нарушување на јавната безбедност, со оглед дека ваквите пријави предизвикуваат паника, прекини на настани и ангажирање на итните служби.По завршувањето на настапот, Мирковиќ објави снимки од вечерта и им се заблагодари на присутните за атмосферата, без да ја спомене дојавата.