#ТРЕНД

Доли Партон донира еден милион долари да се пронајде вакцина за коронавирусот

Објавено на

Најголемата кантри ѕвезда, Доли Партон, донираше 1 милион долари на компанијата „Модерна“, која прави истражување на вирусот Ковид-19 и работи на создавање вакцина против короната, потврди The New England Journal of Medicine.

Таа ги донираше парите на одделот за Инфекции, имунологија и возпаление на Институтот Вандербилт во Нешвил Тенеси, откако нејзиниот пријател, Д-р. Наџи Абумрад, ѝ раскажал колку е компанијата блиску до пронаоѓање ефикасна вакцина.

Првите студии на вакцината на „Модерна“ покажале дека таа е 99% ефикасна. Се претпоставува дека оваа кавцина ќе биде одобрена и ќе може да се користи уште на почетокот на следниот месец, а од јануари 2021 година да се извезува и низ целиот свет.

Трендинг

Exit mobile version