#ТРЕНД
Домот од 27 милиони го спореди со затвор: Главно сум во иста облека 10 дена и сите се геј
Американската презентерка Елен Деџенерис (62) доби многубројни критики на социјалните мрежи бидејќи изолацијата за време на пандемијата на коронавирусот ја спореди со затвор, а живее во луксузен дом.
Елен има големо богатство, кое се проценува на 450 милиони долари, а живее во Калифорнија на луксузен имот вреден 27 милиони долари. Во удобноста на својот дом таа привремено го снима и своето популарно шоу бидејќи студиската продукција беше прекината поради пандемијата на коронавирусот.
Откако помина три недели во карантин со сопругата Портија де Роси (47), таа во една од своите емисии се пожали на моментната состојба.
„Ова е како затвор, всушност. Главно сум во иста облека 10 дена и сите се геј“, рече презентерката.
На повеќето од нејзините гледачи и следбеници тоа не им се допадна, па затоа коментираа дека, дефинитивно, многу е тешко што мора да остане во огромен дом додека само вратата ја дели од остатокот на светот. Јасно е дека таа се обиде да направи шега, но многумина реагираа поинаку.
Елен и Портија имаат неколку имоти, а моментно се наоѓаат на оној во Санта Барбара. Куќата има осум спални соби, 10 бањи и базен.