Медиасет.мк

#ТРЕНД

Донација од 100 милиони за да се нахрани Америка од најбогатиот човек на светот

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, и неговата компанија Амазон, ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи граѓани во САД, а како дел од борбата против корона-кризата. Безос објави дека донацијата е на сметка на непрофитната организација Feeding America, со цел да им помогне на здруженијата што се грижат за гладните.

„Состојбата со храната е проблем во САД дури и во обични времиња, а ковид-19 само повеќе го усложнува сето тоа“, вели Безос.

Многу непрофитабилно здруженија за прехрана постојано очекуваат донации во облик на храна од страна на рестораните за брза храна. А сега многу од нив се затворени и не може да донираат.

„Вирусот ги влоши работите, зашто дарувањето храна е намалено, а побарувачката расте“, додал милијардерот.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: