Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја доби наградата „Меџик Џонсон“ за најкорисен играч (МВП) на Западното финале.
Дончиќ ги предводеше Далас Маверикс до победа од 4:1 против Минесота Тимбервулфс во финалната серија на Западот и на тој начин го одведе својот тим до големото финале со Бостон.
Словенечкиот претставник мечот го заврши со 36 поени, од кои 20 постигна во првата четвртина, а имаше и 10 скока и пет асистенции.
Далас се врати во финалето за прв пат по 2011 година, кога ја освои единствената титула.
Лука во финалето на Западната конференција имаше просек од 32,4 поени со 9,6 скока и 8,2 асистенции по натпревар, поради што доби ласкава награда.