Драган Вучиќ ќе биде погребан утре во 13 часот, на Градските гробишта во Скопје, информираа од неговото семејство. Неговото тело од 12 до 13 часот ќе биде изложено на отворено на градските гробишта.
Од семејството велат дека ќе бидат испочитувани сите заштитни мерки и препораки поврзани со пандемијата со коронавирусот. За сите што сакаат да му оддадат последната почит, улицата ќе биде затворена од 12 до 14 часот за да можат да се движат соогласно мерките.
Познатиот музичар и водител почина ноќеска на Инфективната клиника, каде се лекувал осум дена.