Карантинот и ограничувањата на движење резултираа во енормно зголемен број на нови корисници на веб-страницата Libraries NI (Библиотеки Северна Ирска) од почетокот на март.
Веб-страницата тврди дека има драстично зголемувње на бројот на онлајн корисници среде пандемија на Ковид-19, додавајќи дека сè поголем број на луѓе се решаваат за оваа опција во услови на светска здравствена криза.
Приближно 24.000 луѓе во Северна Ирска се приклучиле на онлајн библиотеката од почетокот на пандемијата.
„Библиотеки СИ“ забележаа раст на онлајн членството за 23.569 помеѓу март и крајот на септември. Во март имало 7.590 нови членови на библиотеката – 10 пати повеќе од истиот месец во 2019 година.
Пред пандемијата, повеќето луѓе што сакаат да користат вакви услуги, тоа ќе го стореа во библиотечна зграда.