Препукувања и кавги низ социјалните мрежи донесе објавата на артистката Дуа Липа која сподели карта од „голема Албанија“ со маркирани територии од други држави, на социјалните мрежи „Твитер“, „Фејсбук“, Инстаграм“ со натпис „Автохтоност“. Под нејзините објави има бројни коментари од корисници на мрежите од сите земји на Балканот, како Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Грција. Дел од нив ја осудуваат пејачката дека шири национализам и фашизам, други се гордеат со неа, но има и повици за масовно да се пријавува содржината со цел да се отстрани од социјалните мрежи.
https://www.facebook.com/DuaLipa/photos/pb.123471471072112.-2207520000../3133596856726210/?type=3&theater
Под објавата има навредувачки коментари како „К**во, е*и се“, „Ма**та твоја“, „Која коза си ти“, но и националистички пароли како „Косово е Србија, „Чиста Македонија“, „Обиденети држави на Албанија“. И покрај ваквите реакции, Дуа Липа не ги повлече објавите.
Кон коментирањето на објавата со свој став на социјалните мрежи се јавија и актерот Висар Вишка, музичката група „Некст тајм“, пејачот Влатко Лозаноски, актерката Симона Спировска. Актерот Вишка ја поддржа Дуа Липа и напиша дека сликата која ја споделила не ја разбира како мапа на поголема држава, туку како реакција на Србија и Македонија.
https://www.facebook.com/visarvishka1/posts/10157526942625814
„И после 20 години крвава војна Косово е во заложништво од Србија. ЕУ и светот го толерира тоа фрлајќи огромни пари во Србија, држејќи ги граѓаните на Косово затворени. Што е логиката?! Ќе го врати Косово назад?! Сите големи мапи ќе изгубат значење во обединета ЕУ. Дури ќе станат и поголеми. Тоа што треба под итно ЕУ да направи е да им помогне на сите овие мали народи да се ослободат од големите криминалци. И да не забораваме…„autochthonous“ мапата не ја разбирам како мапа на поголема држава, тоа е реакција на Српската државна политика каде се пропагира дека сѐ е српско во Косово а и Македонската! каде што и ден денес децата во школо учат дека Албанците слегле од планини и се дојдени од некаде во 19ти век?! Тоа се ‘државни’ учебници за деца?! ВМРО-ДУИ ги направи, СДСМ-ДУИ не ги поправи?!“, напиша Вишка.
https://www.facebook.com/visarvishka1/posts/10157526970475814
Актерката Симона Спировска објавата на пејачката ја нарекува штетна. Таа смета дека тотално е неважно што сакала Дуа Липа да каже, со оглед на тоа што сите знаат како се толкуваат фотографиите со мапа од голема Албанија.
https://www.facebook.com/simona.spirovska.9/posts/3663713996990411
„Тоа шо Дуа е поубава од јазовците од Некс Тајм, не ја прави помалку тупава, а нејзината објава е исто штетна, што и да сакала да каже. Убаво е да сконтаат што може да донесат постовите со овие големи држави/територии, како сакате. Тотално е неважно што сакала да каже ако оптегачила слика која сите знаеме за што се користи во последните години. Место тоа би можела да поддржи културни иницијативи кои се бават со жените жртви на војните на оваа територија. Тоа го прават голем дел од косовските уметници. Така се сака домата. Аман веќе од докажувањата за тоа кој-каде е староседелец! Аман!“, коментира Спировска.
За разлика од актерката, пејачите Влатко Лозаноски и браќата од групата „Некст тајм“ споделија фотографија со мапирани територии на други држави, кои се претставуваат како Македонија.
„Македонската империја по смртта на Филип Втори. Македонските се автохтони, различни, најстари, први, најголеми од европската популација“, пишува на сликата споделена од пејачот и групата.
https://www.facebook.com/nexttimeband/photos/a.10152694414913291/10158914150068291/?type=3&theater