Медиасет

„Ќе бидете најомразени во Америка“: Испливаа пораки од Илон Маск упатени до шефовите на OpenAI

Објавено на

Протекоа интересни пораки кои неколку дена пред почетокот на судењето Илон Маск ги испратил до раководството на компанијата OpenAI.Два дена пред почетокот на судскиот процес „Илон Маск против OpenAI“, Маск испратил порака до претседателот и коосновач на компанијата, Грег Брокман. Маск сугерирал OpenAI да постигне спогодба во оваа тужба.Откако Брокман одговорил со предлог двете страни да ги повлечат тужбите, размената на пораки се заострила. Маск одговорил: „До крајот на оваа недела, ти и Сем ќе бидете најомразените луѓе во Америка. Ако инсистирате, нека биде така“.Во тужбата на Маск се бара:поништување на профитната структура на OpenAIтехнологијата да стане јавнодостапнараскинување на договорот за лиценцирање со Microsoftисплата на обештетување и трошоци за адвокатиОткако адвокатите на OpenAI јавно ја споделиле пораката „помири се или ќе видиш“, набљудувачите заклучиле дека спорот можеби не е само за безбедност на вештачката интелигенција, туку и за контрола и профит од нејзиниот успех.Судењето продолжува.

Трендинг

Exit mobile version