Медиасет
Џеј Ло и Бен Афлек видени во јавноста по гласините за развод
Џеј Ло и Бен Афлек се фотографирани во јавноста по гласините за развод.
Џенифер Лопез и Бен Афлек биле видени на утакмицата на неговиот син Семјуел, но актерот дошол со мајка си, додека подоцна се појавила латино дивата.
Двајцата се поздравија и се бакнаа, но во образ, што на многумина им е чудно. Имено, овој пар неколку пати е виден како јавно разменува нежности, па оваа резерва баш и не значи дека меѓу нив се е во ред.
Да потсетиме, Џеј Ло неодамна ја откажа својата турнеја која многумина ја поврзуваат со лошиот период низ кој минува.