Медиасет

Ќе се снима ли нов филм за Џејмс Бонд

Објавено на

Продуцентката Барбара Броколи откри детали за тоа како напредува договорот за снимање на новиот филм за Џејмс Бонд.

Последниот филм „Нема време за умирање“ е снимен во 2021 година, а оттогаш нема најава за нов дел.

Продуцентката на филмот Барбара Броколи за „Варајети“ открила дека нема напредок во однос на новиот филм.

„Не можам да ви кажам ништо за новиот филм за Џејмс Бонд. Воопшто ништо. Сеуште ништо не се случува“, истакна Барбара Броколи.

Таа рече и дека новиот дел од филмот е со години од реализација.

Потсетуваме, Даниел Крег повеќе нема да го гледаме во улогата на познатиот агент 007, а новиот актер се уште не е избран.

Трендинг

Exit mobile version