#ТРЕНД

Ед Ширан донира еден милион фунти за борба со коронавирусот

Објавено на

Британскиот поп-пејач Ед Ширан донирал еден милион фунти за борба со коронавирусот, објави „Сан” повикувајќи се на близок пријател на музичарот.

– Времињата се ужасни и Ед сака да направи колку што може, за да помогне. Тој е многу ангажиран со олеснувањето на положбата на тамошното население и знае дека донациите ќе направат голема промена, вели пријателот кој претпочитал да биде неименуван.

Пејачот ги подарил парите на градот Ипсвич и на својот округ. Ширан сега живее во областа Сафок, источна Англија – каде што и го минал детството.

Ширан сега се наоѓа во самоизолација во својот семеен дом, наводно, поставувајќи си ја амбициозната задача – да напише по една песна на ден.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version