#ТРЕНД
Еден ден по објавата дека се соочува со депресија, Кети Пери промовира нова песна
Поп-ѕвездата Кети Пери во вторникот откри дека се бори со депресија додека е бремена среде пандемија на Ковид-19.
Но, денес таа изгледа далеку од потиштена на новата фотографија што ја сподели на Инстаграм за да го промовира својот нов сингл Daisies („Маргаритки“).
35-годишната убавица откри дека официјалната промоција ќе се случи подоцна неделава со лајв стриминг или емитување во живо на „Амазон мјузик“.