Зад текстот на оваа популарна песна стои приказна за една љубов.
Здравко Чолиќ ја снимил песната „Ден пеам, ноќе пеам“ во 1977 година.
Она што е интересно е дека оваа песна ја напишал големиот српски поет Бранко Радичевиќ, кој ја создал во ерата на романтизмот.
Текстот на оваа песна и го посветил на својата голема љубов, сликарката и поетеса Мина Караџиќ, ќерка на Вук Стефановиќ Караџиќ.
Радичевиќ ги чувал во тајност чувствата кон Мина, бидејќи бил голем пријател и соработник на нејзиниот татко, а својата љубов и копнеж ја преточил во стихови.
Желбата на Бранко да ја „издигне својата сакана меѓу ѕвездите“ ја претставува неговата идеализација на неа и љубовта.
Здравко Чолиќ ја оживеа оваа песна со својот глас.