#ОХРИД

Едно лице загина и три лица се повредени во сообраќајката на влезот во Охрид

Објавено на


На 10.7.2021 година во 14:30 часот во СВР Охрид пријавена е сообраќајна незгода случена на магистралниот пат Охрид – Подмолје – Кичево, во близина на Св. Еразмо, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

-Во незгодата едно лице го загубило животот, а три се повредени, од кои две имаат телесни повреди. Тие се префрлени во болницата “Св. Еразмо”, истакна Димоски.

Во незгодата учествувале три патнички и едно товарно моторно возило.

Моментално на местото на незгодата увид вршат полициски екипи.

фото: ТППЕ Охрид пожарна

Трендинг

Exit mobile version