Медиасет.мк

Медиасет

Експерти на СЗО бараат прогласување на климатската криза за глобална здравствена вонредна состојба

Група водечки меѓународни експерти собрани околу Светската здравствена организација (СЗО) апелираа до ООН да ја прогласи климатската криза за глобална вонредна состојба за јавно здравје, што е највисокото ниво на предупредување што СЗО може да го издаде.Единаесетчлената паневропска комисија оцени дека климатските промени претставуваат „сериозна и непосредна закана“ за здравјето на луѓето ширум светот, посочувајќи на зголемување на бројот на смртни случаи поради топлотни бранови, ширење на заразни болести, загадување на воздухот, недостиг на храна и зголемување на проблемите со менталното здравје.Експертите веруваат дека таквата декларација би поттикнала координиран меѓународен одговор сличен на оној што беше спроведен за време на пандемијата на ковид и епидемијата на мајмунски сипаници. Во исто време, Комисијата остро ги критикуваше субвенциите за фосилни горива, наведувајќи дека тие придонесуваат за околу 600.000 предвремени смртни случаи во Европа годишно, како и дека во некои земји ги надминуваат националните буџети за здравство, објави Гардијан.Поранешната премиерка на Исланд, Катрин Јакобсдотир, и професорот Ендру Хејнс, рекоа дека климатските промени мора да се третираат како здравствена криза со цел да се поттикне побрзо дејствување од страна на владите. Препораките на комисијата беа поддржани од регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, и неколку научни институции.СЗО веќе предупредува дека климатските промени ги загрозуваат основните предуслови за здрав живот, вклучувајќи чист воздух, безбедна вода и стабилно снабдување со храна.

На почеток
error: