Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Експерти на СЗО бараат прогласување на климатската криза за глобална здравствена вонредна состојба

Медиасет.мк
пред 5 месеци
media-librarypvopdqv8847kdmqzOr0

Група водечки меѓународни експерти собрани околу Светската здравствена организација (СЗО) апелираа до ООН да ја прогласи климатската криза за глобална вонредна состојба за јавно здравје, што е највисокото ниво на предупредување што СЗО може да го издаде.

Единаесетчлената паневропска комисија оцени дека климатските промени претставуваат „сериозна и непосредна закана“ за здравјето на луѓето ширум светот, посочувајќи на зголемување на бројот на смртни случаи поради топлотни бранови, ширење на заразни болести, загадување на воздухот, недостиг на храна и зголемување на проблемите со менталното здравје.

Експертите веруваат дека таквата декларација би поттикнала координиран меѓународен одговор сличен на оној што беше спроведен за време на пандемијата на ковид и епидемијата на мајмунски сипаници. Во исто време, Комисијата остро ги критикуваше субвенциите за фосилни горива, наведувајќи дека тие придонесуваат за околу 600.000 предвремени смртни случаи во Европа годишно, како и дека во некои земји ги надминуваат националните буџети за здравство, објави Гардијан.

Поранешната премиерка на Исланд, Катрин Јакобсдотир, и професорот Ендру Хејнс, рекоа дека климатските промени мора да се третираат како здравствена криза со цел да се поттикне побрзо дејствување од страна на владите. Препораките на комисијата беа поддржани од регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, и неколку научни институции.

СЗО веќе предупредува дека климатските промени ги загрозуваат основните предуслови за здрав живот, вклучувајќи чист воздух, безбедна вода и стабилно снабдување со храна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh205c0hfl2fs8CaqvRw

Сивата и бордо бојата се најпосакуваниот моден спој оваа есен

Трендови | пред 17 часа

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 5 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 2 седмици

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања