Продажбата на целосно електрични автомобили во светот бележи силен раст од почетокот на годината, покажува анализата на водечките пазари што ја спроведе консултантската агенција „PwC“.
Од почетокот на годината до крајот на септември се регистрирани рекордни 11 милиони автомобили на батериски погон, што е за 12 отсто повеќе во споредба со првите три квартали од 2025 година.
Европа е главниот двигател на растот на продажбата, со 2,5 милиони новорегистрирани електрични автомобили, односно зголемување од 42 отсто на годишно ниво.
Само во Германија властите регистрирале 604.000 нови електрични автомобили, што е за 58 отсто повеќе во споредба со минатата година. Со тоа Германија се најде пред сите други земји, освен Кина и САД.
Од друга страна, продажбата на американскиот пазар бележи пад од 29 отсто, на 746.000 електрични автомобили, додека во Кина стагнира со околу шест милиони целосно електрични автомобили.
Забрзаниот раст на продажбата во Германија се поврзува со драстичното поскапување на горивата, како и со субвенциите и другите поттикнувања за купување електрични и хибридни автомобили.