Популарната актерка Јелена Јованова стана мајка. Таа роди син, а се породи во болница во Загреб околу 14 часот. Мајката и бебето се добро. Бебето се уште нема име, иако во опција биле две имиња.
Игор Џамбазов ја откри убавата вест на Инстаграм и ѝ честиташе на својата колешка од серијата „Преспав“.
„Јеленче стана мааааммаааа!!! Драчево е на нозе! И Хрватска по малце…“, напиша тој.
Инаку, актерката ја криеше бременоста од јавноста и веста дека се реализирала во улогата на мајка е вистинско изненадување за сите.
