Медиасет
Елвир Мекиќ и Елвир Мекиќ со изненадување за публиката – Хитот „Опасно“ по 18 години конечно доби спот
Цели 18 години откако беше промовирана, песната „Опасно“ на Елвир Мекиќ и Маја Саздановска,конечно доби свој официјален музички спот.Видеото беше промовирано вчера (08.02) на јутјуб каналот на Урбан рекордс и веднаш доби многу позитивни коментари.„Идејата за конечно да снимиме спот за песната што ја испеавме пред скоро две децении беше на Иван Јованов – Iwayo, и со Маја веднаш се сложивме. Но бидејќи сакавме да ги вклучиме и фановите, решивме во спотот да учествуваат и тие и да ни испраќаат свои видеа како ја пеат ‘Опасно’,“ вели Елвир.Дополнително, во реализацијата на видеото се вклучија и познати македонски инфлуенсери како Дора, Нина Ред, Октај Сејди, како и мејкап артистот Даниел Николовски.„Опасно“, која пред 18 години се создаде по музика на Јован Јованов, а за која текстот го напиша Елвир, и денес звучи модерно и современо, докажувајќи дека добрата музика не познава време. Елвир ќе ја испее оваа песна и на големиот заеднички концерт со Јован Јованов, кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 6 јуни 2026.