Медиасет.мк

#ТРЕНД

Емотивно: Доктор кој не може од блиску – преку стакло си го гледа синот, бидејќи спасува заболени од коронавирусот

Докторите, медицинските сестри како и целиот персонал низ болниците, заедно со полицијата, како и сите кои се вклучени во борбата со коронавирусот се најголемите жртви со цел ситуацијата ширум светот да се нормализира, како и да се истреби пандемијата.

На социјалните мрежи кружи фотографија од доктор за кој се тврди дека работел со заболени од коронавирус. Тој доаѓа дома, но не може да се види со неговиот син, туку тоа го прави преку стакло, со цел да го заштити.

„Го видовме нашиот доктор денес. Ја сакам оваа слика од мојот сопруг и мојот син. Ја сакам толку многу што срцето ќе ми експлодира“, пишува мајката на детето и сопруга на докторот, која ја сподели фотографијата. 

Таа раскажа дека плачела кога нејзиниот сопруг повтрно заминал на работа, вели дека им недостига, но го поддржува!

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: