Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Ендемични видови пред исчезнување, нема мониторинг на рибниот фонд

Медиасет.мк
пред 5 години
ribi

Најмалку три ендемични видови риба во Македонија може да исчезнат, а тоа никој да не го примети. Нашата држава дваесет години доцни со воспоставување систем за постојан мониторинг на рибниот фонд, што е обврска од европската Директива за води. Истовремено, не се одвојуваат доволно пари од државниот буџет за континуирани истражувања на состојбата со рибниот фонд и доколку не би биле странските донатори и повремените проекти не би располагале со нови податоци за состојбата со рибите во земјава, објави doma.edu.mk. 

Според податоците од Националната стратегија за билиошка разновидност 2018-2023 во Македонија има вкупно 85 видови риби од кои 66 се автохтони, а 19 се алохтони.

„Проценката на вистинската бројност на видови во ихтиофауната на Македонија е отежната поради мноштво на нерешени таксономски проблеми, посебно помеѓу пастрмките (Salmonidae). Фауната на рибите во Македонија арбитрарно брои 85 видови (19 интродуцирани), кои припаѓаат на 15 фамилии. Најбогато со ендемични видови риби се Преспанското Езеро (8 од 11 автохтони видови се ендемични) и Охридското Езеро со 8 ендемични видови од 21 автохтон вид. Ихтиофауната на овие две езера е сериозно загрозена со внесување на алохтони видови (12 во Преспанското и 7 во Охридското Езеро). Ихтиофауната на Дојранското Езеро брои 14 видови, од кои само еден е ендемичен, а два вида се интродуцирани“, пишува во документот.

Се додава дека од автохтоните видови, три се сметаат за критично загрозени (Acipenser sturio, Anguilla anguilla и Alburnus macedonicus), два се загрозени (Pelasgus prespensis и Salmo peristericus), 10 се чувствителни, еден е близу засегнат и 10 се без доволно податоци за нивниот степен на засегнатост (IUCN 2014). Согласно националното законодавство, 10 видови риби се строго заштитени, а 20 заштитени (два вида се вклучени во двете листи).

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека согласно член 76 од Законот за рибарство и аквакултура следењето на состојбите во рибарството, процени на сосотојбата со рибите, предлагање на мерки за заштита и унапредување на риболовот вршат овластени установи од областа на рибарството.

„Овластените установи изработуваат и стручни студии – риболовни основи за секоја риболовна вода во Република Северна Македонија. Риболовните основи претставуваат стручни студии за начинот на стопанисување со рибите во одредена риболовна вода. Сите риболовни основи се објавуваат во Службен весник. “, велат од Министерството.

Последните риболовни основи се изработени за периодот 2017-2022 година и во нив се дадени прецизни податоци за видовите риби во реките, природните езера и вештачките акумулации.

Текстот во целост на:  doma.edu.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7s892734v7psecfxlp3

Македонија, Србија и Словенија со заедничка кандидатура за Европското првенство во ракомет 2034

Трендови | пред 17 часа

media-library1ea7c0tmf62v35ATCh6

Најпознатата шпионка во историјата: Мата Хари и нејзиниот трагичен крај

Трендови | пред 1 ден

media-libraryrms82luqhn9m6Gx3yk6

Трагедија во национален парк во Кенија: 16 слонови угинаа од цијанид

Трендови | пред 1 ден

media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Фолксваген пред најголемото преструктурирање во историјата: Во план 100.000 откази

Трендови | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања