Медиасет.мк

#ТРЕНД

Џенифер и Бред планираат тајна венчавка

Веќе со месеци се шпекулира дека Џенифер Анистон и Бред Пит ќе бидат повторно заедно, а според последните наводи во светските медиуми, тие планираат повторно да се венчаат, ама тајно.

Џенифер и Бред наводно сакаат смирувањето да го озваничат со повторна венчавка, и тоа во Мексико, на плажа, пишува британски „Мирор“.

„Бред во моментов највеќе сака да се скраси и да живее среќно со својата сродна душа Џенифер“, изјави извор за британскиот таблоид.

Родителите на Бред се особено воодушевени со оваа одлука, а на церемонијата ќе присуствува само најблиското семејство и пријатели.

„И Бред и Џенифер сакаат церемонијата да биде романтична и убава. Венчавката ќе биде духовна и тие самите ќе ги напишат своите завети“, рекол изворот.

Џенифер и Бред се разведоа во 2005 година, кога Бред ја остави поради Анџелина Џоли, со која потоа беше во брак до 2016 година.

„Мислам дека Џенифер никогаш не престана да го сака, иако ѝ го скрши срцето и ја остави заради Анџелина Џоли. Требаше многу време за да му прости, а простувањето е голем чекор за да се продолжи понатаму“, додава изворот.

Нивните фанови ширум светот, кои со години навиваат за смирување, одушевено на социјалните мрежи ги коментираат овие наводи и стискаат палци за венчавка.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: