Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Џенифер Лопез е подготвена за нов брак

Џенифер Лопез, која од април повтрно е во врска со своето поранешно момче Бен Афлек, за „Тудеј“ изјави дека сѐ уште верува во брак, иако е трипати разведена. Таа призна дека е и дека од секогаш била „романтична личност“.

– Сè уште верувам во среќен брак, до крајот на животот. Сигурна сум, 100 отсто!, вели пејачката-глумица.

Во претстојниот филм на Лопез „Омажи се за мене“ (Marry Me), таа глуми пејачка која многупати била омажена – слично како и во вистинскиот живот.

– Чувствувам дека сум човечко суштество, како и сите други. Имав подеми и падови, правев грешки и навистина сум горда на она што го постигнав во мојот живот и каква сум како личност – мајка, глумица!, вели таа.

Лопез се смири со Афлек откако се раздели со претходниот свршеник – поранешниот бејзбол-играч на „Јенките“, Алекс Родригез. Таа се омажи за својот прв сопруг – глумецот Ојани Ноа во 1997., а се разделија во 1998 година. Потоа таа се омажи за кореографот Крис Џад, и тоа траеше од 2001 до 2003 година. Следуваше бракот со нејзиниот колега, пејачот Марк Ентони во 2004., со кого ги има 13-годишните близнаци Ема и Макс, но се разведоа во 2014 година.

Лопез беше во врска и со раперот Шон „Диди“ Комбс од 1999 до 2001 година, како и со Каспер Смарт подоцна. Гласините говореа дека и Дрејк договорил неколку состаноци со убавицата, но се говори и дека таа „кратка афера“ веројатно била „маркетиншки трик“.

На почеток
error: