Медиасет
Џенифер Лопез го прослави роденденот без Бен Афлек
Џенифер Лопез го прослави својот 55 роденден, но без Бен Афлек.
Латино дивата Џенифер Лопез за својот роденден собра многу пријатели и семејство.
Со оглед на тоа дека веќе неколку месеци се пишува како нејзиниот брак со Бен Афлек е во криза, актерот наводно дури и се иселил од заедничкиот дом, целата јавност ја интересираше дали и тој ќе се појави на роденденската прослава.
Џеј Ло организираше тематска забава во стилот на хит серијата на Нетфликс „Бриџертон“.
Меѓу гостите беше и Сара Џесика Паркер, но Бен Афлек во ниту еден момент не се појави.
Да потсетиме, Џеј Ло неодамна го симна ланчето на кое пишува Бен, додека бурмата одамна не ја носи.