Медиасет.мк

#ТРЕНД

Џенифер Лопез среќна што поминува време со Бен Афлек


Џенифер Лопез е среќна со Бен Афлек.

Латино дивата последните неколку недели беше во друштво на поранешниот партнер по завршувањето на четиригодишната врска со Алекс Родригез, а минатиот викенд, Џенифер и Бен беа забележани во Монтана, каде актерот има вила.

„Таа одлично се забавува со Бен. Среќна е со него и ужива да поминува време со него,“ извор близок до Џеј Ло изјави за магазинот „Пипл“.

Џенифер и Бен беа фотографирани заедно во автомобил во близина на ски- центарот Биг Скај, а таблоидите веќе објавија дека ја обновиле својата романса и дека се многу поврзани еден со друг.

Друг извор рече дека Џенифер била неколку дена со Бен надвор од градот. „Тие имаат силна врска. Сето тоа беше брзо и интензивно, но Џенифер е среќна.“

Таа се сврши со холивудскиот актер во 2002 година и тие требаше да се венчаат во 2003 година, но ја одложија церемонијата само неколку дена пред да се одржи и официјално се разделија во јануари 2004 година.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.



Трендинг

На почеток
error: