Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Епл ги предупреди крадците: Ве следиме, вратете ги телефоните

Продажните објекти на Епл во повеќе градови, вклучувајќи ги Њујорк, Филаделфија, Вашингтон, се најдоа на мета на вандалите и крадците по избивањето на протестите заради смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис.

Компанијата ги предупреди крадците кои за време на нередите од нивните продавници украле Ајфон уреди, дека овие телефони се следат по електронски пат и мораат да бидат вратени.

Како што пенесува „Си-Ен-Ен“, Епл ги онеспособува телефоните кои се украдени од излозите на нивните продавници, правејќи ги неупотребливи.

Освен за тоа дека украдените телефони се онеспособени и следени, крадците од Епл се информирани и во кои продавници треба да ги вратат украдените телефони, како и дека за се ќе бидат известени локалните власти.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: