Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

„Епл“ претстави нов „Ајфон 13“ и „Ајпад“

Американскиот технолошки гигант „Епл“ денеска го претстави новиот „Ајфон 13“ и подобрени модели на „Ајпад“ таблетите, проширувајќи ја 5-Г конективноста и прикажувајќи побрзи чипови и подобри камери.

https://www.youtube.com/watch?v=m43rh-pI0P0

„Ајфон 13“ има посветол екран. Новите модели изгледаат речиси исто како „Ајфон 12“, со таа разлика што се подебели и достапни во повеќе нови бои. Новата „13-ка“ има и свој ОЛЕД-дисплеј кој е 20 отсто „посјаен“ од претходната генерација.

https://www.youtube.com/watch?v=XKfgdkcIUxw

Една од главните иновации во камерата е „филмскиот режим“, кој овозможува снимање со динамичен фокус, на пр. на подвижен објект и ја замаглува позадината во реално време. Телефонот ќе има и нов чип „А-15 Бионик“. Првичната цена на паметниот телефон е 699 долари.

Компанијата најавува и ажурирања на своите „Ајпад“ часовници. Паметниот часовник од серијата 7 ќе има поголем дисплеј и побрзо полнење. Тоа првично ќе чини 399 долари и ќе биде достапен подоцна оваа есен.

Ажурирањето на „Ајпад“-от е, пред сѐ, во 5-Г поврзувањето и нов дизајн што го прави да личи на „Ајпад ер“ и „Про“ од повисоката класа. Уредот, исто така, има и нова камера за работа и следење настава од дома. Основната цена на обичниот модел е 329 долари, а на „Ајпад мини“ – 499 долари. И двата ќе бидат достапни следната седмица.

На почеток
error: