Медиасет.мк

#ТРЕНД

Ќерка на легендарен режисер откри дека е порно ѕвезда

Микаела Спилберг, ќерката на легендарниот филмски режисер Стивен Спилберг која тој и неговата сопруга Кејт Капшо ја посвоија кога беше бебе, во моментов заработува за живот од продукција на соло порновидеа и се надева дека ќе се вработи како танчерка во стриптиз-клуб штом ќе добие лиценца за сексуален работник.

23-годишната Микаела за таблоидот The Sun изјави: „Навистина се уморив што не успеав да го капитализирам своето тело и искрено, навистина ми е смачено од тоа да ми кажуваат да го мразам моето тело.“

„И смачено ми е да работам од ден на ден на начин што не ѝ одговара на мојата душа. Чувствувам дека можам да им угодувам на другите луѓе, а така е затоа што нема да се чувствувам повредена.“

Микаела им ја соопшти веста на своите родители преку FaceTime во текот на викендот и рече дека иако биле „заинтригирани од нејзините избори за кариера и не биле вознемирени“.

За нејзините родители, таа рече: „Мојата безбедност отсекогаш била приоритет број еден за нив. Јас го правам ова не од нагон да повредам некого или да бидам злобна, го правам ова затоа што сакам да му оддадам чест на моето тело на начин што е профитабилен.“

„Јас всушност мислам дека штом ќе видат колку далеку сум стигнала од дното каде што  бев пред една и пол година, тие ќе речат: Подигнавме млада дама полна со самодоверба“, вели Микаела.

Таа има поддршка и од нејзиниот свршеник Чак Панкоу, иако признава дека му требало некое време да се загрее за идејата поради законите во нивниот роден град во Тенеси.

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: