#ТРЕНД
Ќерката на Џеј Ло напиша детска книга
Еме, 12-годишната ќерка на Џенифер Лопез и Марк Ентони, ќе издаде книга со слики за деца. Сликовницата со наслов „Господе, помогни ми“, ќе ги одведе читателите „низ обичните моменти од животот на Еме кога таа бара помош од Бога – од нешто мало, на пример да не се успие за на училиште или да не се кара со брат ѝ Макс, па до големите молби – да ја спаси планетата и сите живи суштества“.
„На училиште дознав дека мрзливците се пред исчезнување, па секоја вечер, во ноќната молитва, почнав да се молам и за нив“, вели Еме. Таа решила да ја напише книгата за да помогне да се соберат пари со кои мрзливците ќе се спасат од исчезнување, но и да им покаже на своите врсници дека може да се молат и да бараат помош – две работи што ги прави таа, а кои ѝ носат голема утеха.
Еме го наследила талентот од своите родители. Таа многупати се појавила на сцената со нејзината мајка, глумеше и во нејзин спот, а пееше и на шоуто на Супербоул, заедно со Џеј Ло и Шакира.