Медиасет

ЕУ планира да стави крај на бесконечното скролирање

Објавено на

Европската унија планира да стави крај на бесконечното скролирање. Европската комисија првпат се занимава со зависност од социјалните мрежи во рамки на борбата против Тикток, што би можело да постави нови стандарди за дизајнот на најпопуларните апликации во светот. Брисел ја наложи компанијата да ја промени неколку клучни функции, вклучувајќи го онеможувањето на бесконечното скролирање, воведување строги паузи за времето поминато пред екран и промена на системот на препораки, со образложение дека дизајнот на апликацијата создава зависност кај корисниците, особено кај децата, пишува Politico.Ова е првпат Комисијата јасно да ја искаже својата позиција за дизајнот на платформите за социјални мрежи според Законот за дигитални услуги, клучниот закон на ЕУ за интернет содржини. Тикток сега има можност да ја брани својата практика и да ги прегледа доказите што ги собра Комисијата, а компанијата најави дека ќе се бори против овие наоди. Доколку не успее да ја убеди Комисијата, апликацијата се соочува со казни до 6 проценти од годишниот глобален приход.Јан Пенфрат, постар советник за политики во организацијата за граѓански права EDRi, рече дека би било „многу, многу чудно“ ако Комисијата не го искористи ова како преседан и не се обиде да интервенира и кај другите компании.Законот за дигитални услуги им наложува на платформите како Тикток да ги проценат и ублажат ризиците за своите корисници. Сепак, овие ризици во законот се нејасно дефинирани, па досега било неизвесно каде точно регулаторите ќе ја повлечат границата. Две години по започнувањето на истрагата, Комисијата реши да удри во самото срце на дизајнот на платформата, тврдејќи дека тој претставува ризик за менталното здравје на корисниците, особено кај децата.На брифинг со новинарите, комесарот на ЕУ за технологија, Хена Виркунен, рече дека наодите сигнализираат дека работата на Комисијата влегува во нова, зрела фаза кога станува збор за систематските ризици. Facebook и Instagram се под истрага поради зависничкиот дизајн од мај 2024 година, и како кај TikTok, вниманието е насочено кон дизајнот и алгоритмите.

Трендинг

Exit mobile version