Медиасет
ЕУ утврди пропусти во заштитата на децата на „ТикТок“, можна висока казна
Европската комисија соопшти дека прелиминарно утврдила оти „ТикТок“ не обезбедил соодветна заштита на приватноста на децата на својата платформа, поради што малолетните корисници биле изложени на ризик од вознемирување, несакани контакти и предаторско однесување на интернет.Според Комисијата, поставките на платформата им овозможувале на возрасни лица пристап до профилите на малолетници, што претставува прекршување на европските правила за дигитални услуги.Истрагата против „ТикТок“ се води од фев