#ТРЕНД

Ева Лонгорија ја откри вистината за нејзината тоалета која го привлече сето внимание

Објавено на

Канскиот Филмски Фестивал оваа година беше откажан поради пандемијата на коронавирусот. Актерката Ева Лонгорија на Инстаграм сподели момент од 2006 година, кога се појави на премиерата на филмот „Пановиот лавиринт“ од режисерот Гелијерм дел Торо и ја откри вистината за нејзината тоалета која го привлече сето внимание.

„Смешна е приказната за овој фустан. Слетав во Кан, а мојот багаж (со мојот фустан) не стигна! Дојдов во хотелот, па во последен момент ми најдоа замена. Имав 30 минути да се спремам за црвениот тепих, само го облеков фустанот и излегов.

„Додека излегував од автомобилот пред илјадници фотографи, видов како стилистот трча према мене викајќи: Го носиш фустанот наопаку!!! Да, носев фустан наопаку и не можев ништо да направам во врска со тоа. Го носев најдобро што можев. Се гледа дека работ на фустанот не стои како што треба и тоа длабоко деколте треба да е на грбот“, напишала Ева.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version