Медиасет.мк

#ДОСИЕ

„Еве го сонцето“ ечи од разгласот на болниците во САД среде мрачни денови на пандемија

Најмоќниот лек за јакнење на моралот на здравствените работници во Њујорк, епицентарот на кризата од новиот коронавирус, можеби е музика.

Дневни инфузии на убави песни – од класиката на „Битлси“, Here Comes the Sun („Еве го сонцето“), до темата од филмот Rocky („Роки“), се испумпуваат низ болничките системи за јавно обраќање за да го зајакнат духот на медицинските сестри, докторите и помошниот персонал.

Во Соединетите Американски Држави речиси 545.000 луѓе се дијагностицирани со Ковид-19 заклучно со неделата, а приближно 21.600 умреле од заразната болест, пренесува „Ројтерс“.

Дневната доза во 4.30 попладне на хитот Call On Me на австралиската поп-пејачка Старли им даде сила на вработените во болницата „Маунт Синај“ во Њујорк, кои ракоплескаат кога поголем број пациенти беа пуштени дома од преполниот објект наспроти Универзитетот „Колумбија“.

„Некои луѓе ќе кажат дека ја прифаќаат својата судбина. Па, ако ова е судбина, тогаш ќе најдеме начин да ја измамиме“, пее Старли. „Знаете дека можете да ме повикате ако не можете да ги сопрете солзите да не паѓаат“.

На њујоршкиот Лонг Ајланд радосната Here Comes the Sun ечи на разгласот во „Маунт Синај“ секојпат кога пациент се отпушта од болницата.

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: