Медиасет

Еве кои земји се најпосетувани од туристи во ЕУ

Објавено на

Во туристичкото сместување низ Европската унија, во вториот квартал годинава се забележани 780,1 милиони ноќевања, што претставува благ пораст од 0,2 отсто во однос на истиот квартал лани.

Гледајќи ги месеците, во април се регистрирани 193,6 милиони ноќевања, 8,7 отсто помалку на годишно ниво, а во мај 272,1 милиони ноќевања, односно 7,9 отсто повеќе од мај минатата година, објави денеска Евростат.

Во јуни во ЕУ се регистрирани 314,5 милиони ноќевања, за 0,1 отсто помалку од лани.

При анализа на овие податоци, треба да се има предвид дека велигденските празници, кои многумина ги користат за патување, во поголемиот дел од Европа годинава се славеа во април, а минатата година во март.

Странските посетители сочинуваат приближно половина, или 49 отсто, од сите туристички ноќевања во земјите на ЕУ во вториот квартал од 2024 година.

Најголемо учество на странски туристи во бројот на ноќевања на почетокот на годината е забележано на Кипар 94,8 отсто, на Малта 94,7 отсто и во Хрватска 91 отсто.

За разлика од нив, најмал удел на странски туристи во вкупниот број ноќевања има во Полска 18,2 отсто, Германија 18,7 отсто и Романија 19,6 отсто.

Бројот на ноќевања на странски туристи во земјите на ЕУ е зголемен за 3,1 отсто на годишно ниво во вториот квартал од 2024 година, додека бројот на ноќевањата на домашните туристи во истиот период е намален за 2,5 отсто.

Статијата е објавена по повод Светскиот ден на туризмот, кој секоја година се одбележува на 27 септември.

Трендинг

Exit mobile version