Медиасет

Евролигата го суспендираше Теодосиќ и сега ќе мора да плати голема казна

Објавено на

Милош Теодосиќ, кошаркарот на Црвена звезда е суспендиран поради инцидент со судиите на натпреварот против Ефес (100:55), потврдија од Евролигата.

Во мечот од последното коло на континенталното натпреварување, Теодосиќ влезе во жестока расправија со судиите, што му донесе исклучување.

Сето тоа кулминираше кога искусниот кошаркар му се налути на Дариус Томпсон, чие додавање го протолкува како „понижување“, веднаш откако беше повикан за фаул над Ден Отуру.

Теодосиќ прво доби техничка од Хуан Карлос Гарсија, а потоа уште една што автоматски значеше крај на натпреварот за него. Поради ова, шпицот на Звезда беше суспендиран на следните два натпревари во Евролигата, како и казнет со 15.000 евра.

Покрај Теодосиќ со 2.500 евра е казнет и Џоел Боломој, поради искажана намера да биде агресивен кон друго лице.

Партизан е казнет и со 3.000 евра поради палење ракети на мечот со Валенсија.

Трендинг

Exit mobile version