Медиасет

Федерер се враќа од пензија? Роџер би можел да се врати на теренот, а ова е условот

Објавено на

Роџер Федерер би можел да излезе од пензија и да се врати на тенискиот терен. Но за кратко, а условот е доколку неговиот голем ривал Рафаел Надал би го повикал заедно да играат двојки на Лејвер купот.

,,Мислам дека нема да играме заедно во двојки на Лејвер купот, но доколку Рафа го побара тоа, јас дефинитивно ќе бидам таму“, изјави Федерер, пренесува Index.hr.

Инаку, Роџер последниот професионален тениски меч го одигра со Рафаел Надал на Лејвер купот во 2022 година во О2 Арената во Лондон.

Трендинг

Exit mobile version