#ТРЕНД
Фестивалот Коачела се врaќа во април 2022 година
Музичкиот фестивал Коачела во пустината во Јужна Калифорнија ќе се врати за првпат по две години во април 2022 година, најави организаторот во средата.
Фестивалот стар 20 години, еден од најголемите во светот, беше откажан во 2020 година поради пандемијата на Ковид-19.
Организаторите претходно работеа на негово враќање во октомври 2021 година, според извештаите на медиумите, но таквиот план не успеа.
Овој настан под ведро небо секоја година собира половина милион фанови во близина на Индио, на југот на Калифорнија, за два викенда.
Датуми за 2022 година се викендите од 15 до 17 април и од 22 до 24 април, „Голденвојс“, фестивалска и концертна компанија, наведува во соопштението.