Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Филипче: Со Мицкоски граѓаните живеат полошо, со празни џебови и празни фрижидери

Медиасет.мк
пред 4 месеци
media-libraryujd54c325i5447Pt9Vc

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека по речиси две години власт на ВМРО и Мицкоски, граѓаните живеат потешко, а економската состојба во државата е сериозно влошена.

„Се поставува прашањето дали граѓаните сега, после скоро две години од владата на Христијан Мицковски живеат подобро. Одговорот е не. Со празни џебови, со празни фрижидери, со секојдневна борба да се преживее од први до први“, рече Филипче.

Тој посочи дека, владата нема резултати ниту во економијата, ниту во животниот стандард на граѓаните.

„Две години од владата, нема напредок на ниту едно поле, а најголемо потфрлање има во економијата и во животниот стандард. Со Мицковски на власт се случува економска катастрофа“, кажа Филипче.

Филипче обвини дека граѓаните се соочуваат со ниски приходи и недостаток на мерки за заштита од кризата.

„Нема пари за поголеми плати и пензии, нема пари за зголемување на минималната плата на 600 евра. Нема никакви мерки да се заштитат граѓаните во услови на криза, а синдикалната кошничка достигнува речиси 69 000 денари. Околу 160 000 работници земаат плата до 30 000 денари и тоа едноставно недоволно да се надмине прагот на сиромаштијата“, потенцираше Филипче.

Претседателот на СДСМ оцени дека економските показатели се загрижувачки.

„Сиромаштијата расте. Инфлацијата достигна 5,7%. Новите поскапувања на горивата едноставно доведоа да поскапе сè друго. Едноставно нема еден сегмент во економијата којшто е добар“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 3 дена

media-librarya0es0l2d6rsdet70k9l

Грешки што многумина ги прават при реновирање на бањата

Трендови | пред 4 дена

media-library5cdruugr43ib6PQStpG

Киселкаста, но хранлива: Откријте ги придобивките од аронијата

Трендови | пред 4 дена

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања