Медиасет.мк

#КИНО

Филмови кои имаат моќ да ве расплачат на секое гледање

Дали сте и вие личност која не може, а да не пушти по некоја солза на трогателна љубовна или животна приказна?

Филмовите имаат моќ да нè насмеат, расплачат, да нè поттикнат да размислуваме, да ни го сменат животот целосно

Постојат филмови кои едноставно колку и да се трудиме не нè оставаат рамнодушни и без пролеана солза, без разлика колку пати сме ги гледале.

Во продолжение погледнете ги филмовите кои секогаш ќе успеат да ве расплачат:

The Notebook

Приказна за две сродни души која ќе ве допре и ќе ви го покаже вистинскато значење на љубовта. Приказна за сиромашно момче и богата девојка кои ќе се заљубат и ќе ги надминат сите предрасуди и пречки кои животот ќе им ги подготви.

Titanic

Култен љубовен филм кој никогаш, никого не оставил рамнодушен. И после 20 години овој филм уште ја има моќта да нè расплаче. Вистинска животна приказна и љубовна романса повторно помеѓу богата девојка од елитно семејство и сиромашно момче.

The Lion King

Disney анимиран филм за лавчето Симба и неговиот татко Муфаса. Повеќето од сцените во филмот ќе успеат да ве насмеат, но пожртвуваностa на Муфаса како татко ќе биде доволна за да не издржите, а да не испуштите некоја солза.

 

Romeo and Juliet

Класичната романтична трагедија на Шекспир модерно адаптирана за на малите екрани. Ривалството помеѓу две семејства во Верона, Капулети и Монтеки, драстично се одразува врз односот на нивните деца Ромео и Јулија.

My Girl

Еден од најтрагичните смртни случаи некогаш прикажан во филм за деца. Приказна за девојче-машкуданка која едноставно нема среќна судбина. Таа заедно со нејзиниот најдобар другар поминува низ многу авантури, но крајот е таков што ќе ве натера да плачете без прекин.

Me Before you

Приказна за парализирано момче кое сака да си го одземе животот, бидејќи смета дека тој нема никакво значење за него. Кога Луиза ќе се вработи како помошничка во неговата куќа, тие ќе воспостават чудна врска помеѓу нив, а таа ќе се обидува да му докаже дека животот е вреден да се живее.

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: