Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Финалето во Евросонг 2021 ќе се одржи во мај

Организаторите на Евровизија објавија дека полуфиналето на натпреварот ќе се одржи во Ротердам на 18 и 20 мај следната година, а финалето на 22 мај, и покрај сомнежите во формата на настаните поради пандемијата на „ковид-19“.

Учеството на натпреварот следната година е потврден од 41 земја, поточно истите земји што требаше да настапат на годинашната Евровизија, откажано поради пандемијата на коронавирус.

Европската унија за радиодифузија (ЕБУ) соопшти дека разгледува четири можни сценарија – од релативно нормална верзија на натпреварот до онаа во која што Холандија би можела да биде во карантин. Во тој случај, претставите би се одвивале без публика во живо.

Организаторите најавија дека веруваат дека би било можно да се изведе натпреварот и во живо со помалку публика и со мерки за физичка дистанца во арената Ахој во Ротердам.

Ќе се натпреваруваат претставници на 41 земја, а 19 од нив одлучиле следната година да ги испратат истите изведувачи избрани за 2020 година.

Изборот на песна на Евровизија ќе се одржи под слоганот „Отвори се“, што било планирано за овогодинешниот натпревар.

Трендинг

На почеток
error: