Медиасет.мк

#ДОСИЕ

Физичкиот изглед не е најважен, што е клучно кај младите за избор на партнер?

Доколку мислевте дека парите, физичкиот изглед или образованието имаат клучна улога во изборот на животен партнер – не сте во право.

Една студија на британскиот универзитет Свонси покажала дека многу повеќе се цени љубезноста. Во истражувањето учествувале 2700 студенти од 6 земји, а научниците останале изненадени од резултатот, првенствено поради уверувањето дека младите луѓе денес многу поповршно ги избираат емотивните партнери за разлика од претходните генерации.

Студијата покажала дека љубезноста претставува најважна особина за 25 отсто од мажите и 24 отсто од жените. На второ место е физичката привлечност (23 отсто од мажите и 17 отсто од жените), а по неа следат финансискиот потенцијал (12 отсто од мажите и 18 отсто од жените), смислата за хумор, желбата за деца, креативноста и религиозноста.

Истражувањето покажува и дека смислата за хумор не е подеднакво важна во сите земји – таа повеќе се цени на Западот отколку на Истокот. Од друга страна, на жените од западните земји им се помалку важни децата додека кај оние од источните земји, мајчинството е од исклучително значење.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: